Свет 11. мај 2020. / 12:41

Бројот на заболени во светот од коронавирус надмина 4 милиони

Бројот на заболени во светот од коронавирус надмина 4 милиони

Бројот на заболени во светот со ковид-19 надмина 4 милиони и, според податоците на интернет-страницата „Ворлдометерс“, тој изнесува 4 197 152 лица.

Од нив, 284 096 луѓе досега починаа, а 1 500 440 ја добиле битката со новиот вирус.

Според тоа, во моментов има 2 412 616 активни случаи на ковид-19, од кои 98 отсто – или 2 365 577 се со лесни симптоми, додека во тешка состојба се 47 039 заболени.

САД со 1 367 963 заболени и 80 787 смртни случаи и натаму ја предводат листата на „Ворлдометерс“. За 24 часа пријавени се нови 325 заболени.

Следува Шпанија со 264 663 заболени и 26 621 смртни случаи.

На трето место се најде Русија која ја надмина Италија по бројот на заразени со коронавирусот – 221 344, од кои 11 656 се нови случаи. Досега во оваа земја починаа 2 009 како последица на ководи-19, од кои 94 во изминатите 24 часа.

Во Велика Британија има 219 070 заболени и 31 855 починати лица.

Следува Италија со 219 070 заболени и 30 560 починати. Франција која од денеска применува полиберални мерки има 176 970 случаи на заразени со коронавирус и 26 380 починати.