Бројот на лица заразени со коронавирусот во светот надмина 91 милион минатата ноќ, покажуваат најновите податоци на страницата „worldometers“.
Оздравеле 65 милиони луѓе (97 проценти) , а 1,95 милиони пациенти (три проценти) починале, според веб-страницата на „worldometers“.
Во светот има 24,1 милиони активни случаи, од кои 99,5 пациенти се во лесна состојба, додека 0,5 проценти (108 000) се во критична состојба.
Водечка земја според бројот на пациенти се Соединетите држави, во кои има повеќе од 23 милиони регистрирани случаи од почетокот на пандемијата, по што следат Индија со 10,4 милиони, Бразил 8,1, Русија 3,4 и Велика Британија 3,1.