Бројот на луѓе заболени од Ковид-19 во светот денеска надмина 102 милиони.
Според податоците на сајтот worldometers.info во моментот, од избувнувањето на пандемијата, во светот се заразени 102.057.347 лица, а животот го загубија 2.201.325 лица (три проценти).
Оздравеле 73.903.379 пациенти, а има активни 25.949.183 случаи, додека 109.706 лица (0,4 проценти) се во сериозна состојба.
Соединетите американски држави се најтешко погодени од пандемијата, со заразени повеќе од 26 милиони луѓе, по нив следи Индија со 10,7 милиони, а трет е Бразил со девет милиони заболени.