Уште 41. лице на закотвениот крузер во Јапонија е заразено од новиот коронавирус, со што вкупната бројка изнесува 61.
Стотици патници се затворени во своите кабини, а тестирањето продолжува.
Крузерот „Дајмонд принцес“ со околу 3.700 патници и членови на екипажот на кој се наоѓаат и тројца македонски државјани се наоѓа во двенеделен карантин од пристигнувањето во Јапонија, откако патник заразен со вирусот пристигна во Хонгконг.
Последните тестови направени на 273 лица кои што покажувале симптоми или биле во близок контакт со заразените, покажаа дека 61 лице е заразено, соопшти јапонското министерство за здравство.
Од 41 нови случаи, 21 се Јапонци, рече министерот за здравство Какунобу Като.
Нови тестови ќе бидат извршени доколку се појават симптоми кај други патници, а новите пациенти ќе бидат пренесени во болниците во Токио и соседните градови.