Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека во светот има тренд на намалување на бројот на пушачи и дека првпат е констатиран прекин на постојаниот раст на консументи на цигари.
Во соопштението на СЗО се наведува дека промената на глобално ниво покажува оти напорите на владите за намалување на пушењето имаат ефект, спасуваат животи и го штитат здравјето на луѓето. Притоа, СЗО се обврзува дека ќе продолжи да соработува со владите за намалување на трендот на пушењето.
– Со години гледавме дека бројот на пушачи постојано се зголемува, а сега се намалува, бидејќи владите ги заострија мерките против пушењето – наведуваат од СЗО.
Во соопштението исто така се напоменува дека бројот на пушачи значително е намален поради фактот што жените драстично го намалиле пушењето.
Секоја година пушењето е причина за смртност на повеќе од осум милиони луѓе во светот.