Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус од почетокот на епидемијата до денеска поччинале милион и 360 лица. Бројот на дијагностицирани со ковид-19 досега е 33 милиони и 133 илјади лица, а оздравени се 24 милиони и 469 илјади лица.
Засега во САД има најмногу регистрирани случаи или 7,3 милиони од кои 209 илјади починаа, а 4,5 милиони оздравеа. Во моментов има 2,5 милиони активни случаи на ковид-19.
По САД следува Индија со 6 милиони дијагностицирани од кои 95 илјади починале, а 4,9 милиони се оздравени. Во моментов има 959 илјади активни случаи.
Трета земја во светот со најмногу дијагностицирани случаи е Бразил со вкупно 4,7 милиони од кои околу 142 илјади починаа, а нешто над 4 милиони лица оздравеа. Во моментов има 526 илјади активни случаи.