Бројот на смртни случаи од последиците од вирусот корона во Италија надмина 60 000, откако во последните 24 часа беа пријавени 564 смртни случаи, соопшти Министерството за здравство. Инфекцијата е потврдена кај 18.887 лица во последните 24 часа, што е помалку од 21.052 лица претходниот ден.
30.391 пациент заразен со корона вирус се лекува во болниците.
Уште 150 лица беа примени на одделите за интензивна нега и сега има вкупно 3.454.
Во Италија досега биле заразени 1,728 милиони луѓе, а починале 60.078 луѓе.
Во изминатите 24 часа биле тестирани 163.550 луѓе.
Прочитајте повеќе за ковид-19 и последиците од пандемијата во земјата и светот на страницата Коронавирус.