Свет 10. април 2020. / 21:50

Бројот на починати од коронавирус во светот надмина 100.000 луѓе

Бројот на починати од коронавирус во светот надмина 100.000 луѓе

Досега во светот се пријавени повеќе од 1,6 милиони случаи на заразени со коронавирус, а бројот на починати надмина 100 илјади. Според статистиките, во моментов, бројката на смртни случаи на глобално ниво изнесува 100.450, додека од Ковид-19 се опоравиле 356.671 луѓе.

Најмногу заболени има во САД – 458.445. Следи Шпанија со 152.446, Италија со 143.626, Франција со 117.749 и Германија со 115.523 заразени. Најмногу луѓе починале во Италија, 18.229, потоа во САД 16.312, Шпанија со 15.238 смртни случаи и 12.210 во Франција.

И покрај тоа што статистиките говорат за над 100.000 починати ширум светот досега, од Австрија стигнуваат охрабрувачки вести. Тамошниот министер за здравствена и социјална заштита, Рудолф Аншобер, рече дека во последниве денови има поголем број на оздравени отколку новозаразени, со што се продолжува позитивниот тренд во борбата против вирусот.

И во Италија денешните бројки претставуваат позитивна промена во споредба со вчерашниот ден.

Денеска починале 570 луѓе во споредба со вчера кога животот го загубија 610, а има 3.951 случај на новозразени што исто така е опаѓачки тренд во споредба со претходните 24 часа кога беа регистрирани 4.024 случаи.