Пандемијата на коронавирус однесе најмалку 1,900,038 жртви ширум светот, според податоците на ворлдометер. Бројот на заболени лица со ковид-19 во светот надмина 88 милиони.
Најпогодени од пандемијата се Соединтетите Американски Држави каде има 21 милиони заразени, а над 371,782 починаа досега. На второто место е Индија со 10 милиони заразени и 150,000 починати. На трето место е Бразил со вкупно 7,8 милиони заразени и речиси 200,000 починати.
Од европските држави Велика Британија е на петтото место со 2,8 милиони заразени и 78,000 полинати. Веднаш зад нив е Франција со 2,7 милиони заразни и 66.000 починати од ковид-19.