Свет 04. февруари 2020. / 12:45

Бројот на пациенти кои се излечиле од новиот коронавирус е зголемен

Бројот на пациенти кои се излечиле од новиот коронавирус е зголемен

Зголемен е бројот на пациени кои се излечиле од новиот коронавирус и ги напуштиле болниците во Кина, јави кинеската агенција Ксинхуа.

Вкупно 475 пациенти се отпуштени од болниците, соопштија кинеските здравствени власти.

Пациентите се излекувани откако е констатирано дека симптомите се ублажени, телесната температура е на нормално ниво најмалку три дена и кога тестот двапати покажува негативен резултат.