САД регистрирале над половина милион случаи на корона вирус, откако 33.082 новоинфицирани беа регистрирани во петокот од страна на здравствените служби.
Во меѓувреме, бројот на смртни случаи во земјата се зголеми за 2.037 на вкупно 18.675 во текот на изминатите 24 часа. Со овие бројки САД се веднаш зад Италија во бројот на смртни случаи.
Институтот за здравствени мерења на Универзитетот во Вашингтон, финансиран делумно од основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, предвидува дека САД овој викенд ќе го достигнат својот врв по бројот на смртните случаи предизвикани од Ковид-19.
Сепак, федералните извештаи посочуваат дека земјата ќе доживее втор голем бран на инфицирани со вирусот во случај кога ќе завршат мерките за заштита по 30 дена.