Свет 08. октомври 2018. / 21:28

Бродови се судрија близу Корзика – направија хаос во морето

Бродови се судрија близу Корзика – направија хаос во морето

Денеска започна чистењето на нафтената дамка подолга од 20 километри, која настана при судар на два бродови, близу францускиот остров Корзика.

Дамката зазема огромна површина, а низ Средноземното море се раширила и поради силниот ветер. Се проценува дека при сударот на двата брода истекле меѓу 40 и 200 кубни метри мазут. Во операцијата за чистење се вклучени француски и италијански бродови.

Францускиот министер за екологија, Франсоа де Руги беше денеска на местото на несреќата за одблизу да види колкава е штетата.

Операцијата за чистење на брегот на Корзика би можела да потрае неколку дена. Сударот се случил вчера наутро , кога тунискиот траект ,,Улис”, кој од Џенова пловел кон Тунис, се судри со кипарскиот товарен брод ,,Вирџинија”, кој бил укотвен на 28 километри северозападно од Корзика.

На товарниот брод му пукнал резервоарот за гориво, од каде истекол мазутот. Денеска во чистењето на морето учествуваа по два француски и италијански брода, а утре ќе се вклучат уште по еден брод од двете земји.