Свет 07. јуни 2019. / 11:42

Брод удри во нафтена платформа во Северното Море

Брод удри во нафтена платформа во Северното Море

Норвешката нафтена компанија ,,Еквинор” ноќеска ги евакуираше вработените на платформата во Северното Море , откако во неа удри брод.

Ноќеска беше евакуирана нафтената платформа ,,Статфјорд А” во која ноќеска на полноќ удри бродот за снабдување. За среќа , во време на ударот немало процес на вадење нафта. Ударот се случил околу полноќ , а истрагата ќе покаже дали има излевање на нафта во околината.