Брод со мигранти потона рано изутринава, на само 50 метри од западниот брег на Турција, во близина на Бодрум, при што загинаа две лица, соопшти турската крајбрежна стража.
Седумнаесет лица беа спасени, додека тројца мигранти успеале да испливаат до брегот, а двајца од нив починаа подоцна во болницата, се вели во соопштението, а информацијата ја пренесе и Ројтерс.