Свет 26. март 2019. / 09:49

Британските пратеници гласаа за да ја преземат контролата од владаа за брегзит

Британските пратеници гласаа за да ја преземат контролата од владаа за брегзит

Британските пратеници гласаа за да ја преземат контролата од владаа над дневниот ред во парламентот, со цел утре да можат да одржат низа гласања за алтернативните опции за Брегзит.

Пратениците би можеле да гласаат за седум различни опции, вклучително одржување на нов референдум, излегување од Европска унија без договор или со договор каков што има Норвешка, а со кој Велика Британија би имала пристап до единствениот пазар на ЕУ и до зоните за слободна трговија.

Една од опциите би можела да биде откажување од Брегзит.