Свет 16. ноември 2018. / 11:50

Британските конзервативци имаат доволно гласови за недоверба на Тереза Меј, таа е сигурна дека ќе преброди

Британските конзервативци имаат доволно гласови за недоверба на Тереза Меј, таа е сигурна дека ќе преброди

Британската премиерка Тереза Мај ги отфрли шпекулациите дека може да биде соборена од премиерската функција поради нејзиниот договор за Брегзит, јави Би-Би-Си.

– Ќе го пребродам тоа- рече таа

И покрај неколкуте оставки на министри во британската Влада и се погласните шпекулации за гласање недоверба, Меј вети дека ќе го потпише договорот во Брисел и ќе го достави пред пратениците.

– Курсот што го поставив е вистинскиот за нашата земја- рече таа.

Во меѓувреме, основачот и уредник на сајтот БрегзитЦентрал, Џонатан Исабеј на Твитер напиша дека конзервативците собрале доволно потписи за гласање надеверба на Меј како лидерка на партијата.