Свет 21. септември 2019. / 22:06

Британските и европските преговарачи се согласиле да продолжат со разговорите за Брегзит

Британските и европските преговарачи се согласиле да продолжат со разговорите за Брегзит

Европската Унија денеска соопшти дека британските и европските преговарачи се согласиле да продолжат со разговорите за надминување на кризата за Брегзит. ЕУ соопшти дека техничките разговори се фокусирале на првиот сет концепти, принципи и идеи изнесени од Велика Британија.

ЕУ побара од Велика Британија да излезе со предлози за тоа како стоката може да продолжи да ја минува лесно границата со Ирска без скапи и долги проверки.

Европската комисија соопшти дека останува отворена да ги преиспита сите предлози за избегнување на тврда граница меѓу Ирска и Северна Ирска, што е предлог кој Велика Британија сака да го отстрани.