Рускиот медиумски магнат Александар Лебедев соопшти дека планира овој месец да објави електронска верзија на руски јазик на британскиот весник „Индипендент“.
Лебедев, кој е сопственик на „Индипендент“ и на лондонскиот „Ивнинг стандард“, не прецизираше конкретен датум за почнување на новото издание.
Главниот и одговорен уредник на новиот проект, Артјом Артиомов, најави дека новата верзија на руски јазик ќе се состои исклучиво од руски преводи на написите на „Индипендент“ и, слично на британското издание, ќе биде достапна само на интернет.
Артиомов нагласи дека периодот на тестирање на веб страницата на руската верзија почнала во февруари и треба да биде достапна за јавноста во рок од околу две недели.