Свет 19. октомври 2019. / 09:20

Британскиот Парламент денеска гласа за новиот договор за Брегзит

Британскиот Парламент денеска гласа за новиот договор за Брегзит

Британските пратеници денеска ќе гласаат за новиот договор за Брегзит. Ова ќе биде прва седница одржана во сабота од 1982 година, за време на Фокландската војна на Велика Британија против Аргентина.

Велика Британија и Европска Унија во четвртокот постигнаа нов договор за брегзит, што премиерот Борис Џонсон го оцени како „одличен“.

Се очекува Џонсон да има потешкотии при гласањето на договорот во Парламентот бидејќи против се северноирската Демократска унионистичка партија, која ја поддржува малцинската Влада, како и опозициските партии Лабуристички партија, Либералните демократи, Брегзит партијата и Шкотската национална партија.

Претседателот на Европска комисија, Жан-Клод Јункер, денеска во Брисел по постигнувањето договор за брегзит ја исклучи можноста од какво било пролонгирање.