Свет 04. февруари 2021. / 11:17

Британскиот нулта пациент почина една година откако се опорави од Ковид-19

Британскиот нулта пациент почина една година откако се опорави од Ковид-19

Коное елис Рид, 26-годишен студент, се смета за првиот Британец кој беше заразен со коронавирусот во ноември 2019 година додека живеел и работел како наставник во училиште во Вухан.

Но, и покрај тоа што се опоравил од Ковид-19, во ноември 2020 година, пријателите го пронашле неговото безживотно тело во просторија во кампусот на универзитетот Бангор во Велс.

Аутопсијата покажала дека причина за смртта е респираторна слабост како резултат на бронхопневмонија предизвикана од консумирање на токсични дроги.

Додека бил заразен во Вухан, епицентарот на коронавирусот, Рид водел дневник во кој ги споделувал своите искуства. Неговата состојба била проблематична првите десет дена, за дури дванаесеттиот ден да се влоши уште повеќе.

„Мислев дека проблематичниот период помина, но дури тогаш започна кошмарот. Дишев тешко, морав да одам во тоалет цело време. Се потев и треперев. Мислев дека е тоа, дека нема враќање “, напишал тогаш Рид.

По 24-тиот ден, болеста стивнала и Рид се вратил на работа. Наскоро отишол да го посети своето семејство во Австралија, а потоа се вратил во Велс за да ги продолжи студиите.