Британската влада во понеделник ќе објави дека самоизолацијата повеќе нема да биде потребна за луѓето кои стапиле во контакт со оние кои биле позитивни на ковид-19, пишува Ројтерс.
Контактите на позитивно тестираните лица ќе треба да се подложуваат на дневни тестови седум дена, а во меѓувреме ќе им биде дозволено да ги обавуваат работните задачи.
Министрите веројатно треба да одлучат дека постојниот систем, според кој луѓето треба да останат дома 14 дена, ќе биде укинат во јануари, ако пилот-програмите се покажат успешни, наведува медиумот.
Велика Британија е седма најпогодена земја во светот според бројот на заразени со коронавирус, со над 1,5 милиони заразени, но и петта според бројот на смртни во Европа со 55.120 починати лица.