Британската премиерка Тереза Меј тврди дека двајцата осомничени за труењето во Солсбери се офицери на руската воена разузнавачка служба ГРУ, наведувајќидоверливи разузнавачки податоци,пренесува „Раша тудеј“.
Говорејќи пред Парламентот во средата, Меј го повтори претходното обвинение дека руската влада била вклучена во случајот со труење на таткото и ќерката Скрипал.
„Имавме право кога кажавме во март дека руската држава е одговорна”, рече таа.
Додека британската полиција претходно изјави дека нема докази што ја поврзуваат руската влада со осомничените, Мај инсистираше на тоа дека британските разузнавачки служби обезбедиле докази кои ги идентификуваат осомничените како офицери на руската воена разузнавачка служба, ГРУ. Таа рече дека ќе ги извести партиските лидери зошто нејзината влада дошла до таков заклучок зад затворени врати.
„Врз основа на разузнавачките информации, владата заклучи дека двајцата поединци именувани од полицијата и Кралската обвинителска служба се офицери од руската воена разузнавачка служба”, рече Меј.
Меј изјави дека ако двајцата осомничени некогаш ја напуштат Русија, Велика Британија ќе дејствува за да ги уапси и екстрадира за да бидат судени на британска територија. Таа повтори дека нејзината влада ќе продолжи да врши притисок врз Русија, обелоденувајќи го она што таа го нарекува модел на лошо однесување со посебен акцент на ГРУ.