Британскиот министер за трговија, Лиами Фокс, соопшти дека Лондон најверојатно нема да постигне договор со Брисел за напуштање на Европската унија до крајот на март следната година, кога е и крајниот рок Британија да го пушти блокот.
Во интервју за неделното издание на „Тајмс“, Фокс оценува дека шансите се приближно пола – пола, и за таквата состојба во која се најде земјата тој ги обвини официјалните претставници на ЕУ кои, како што рече, „ја притискаат Британија да излезе од Унијата без претходен договор”.