Свет

Британци приведени на Ибица за групно силување

Британци приведени на Ибица за групно силување

Шпанската полиција приведе четворица британски туристи во одморалиште на Ибица, поради сомнеж дека групно силувале 29-годишна Британка.

Полицијата ги привела мажите кога Британката пријавила дека била жртва на сексуален напад и дека еден од осомничените и дал две пилули, по што и се слошило, пренесува „Дејли мејл“.

Двајца од четворицата приведени се на возраст од 21 до 30 години. Тие се задржани во притвор и како што се верува, се работи за браќа. Останатите двајца со кауција се ослободени од притвор.