Свет 21. април 2020. / 11:24

Бретон: Шенген зоната најверојатно ќе биде затворена до лето

Бретон: Шенген зоната најверојатно ќе биде затворена до лето

Европскиот комесар за внатрешниот пазар и услуги на ЕУ, Тиери Бретон, изјави во вторникот дека границите на Шенген зоната веројатно ќе останат затворени до летото.

Говорејќи за француската радио станица РМЦ, тој истакна дека прашањето сè уште се разговара. Сепак, „ќе има дополнителни ограничувања кои ќе треба да се почитуваат“, откри Бретон. Европската унија ќе позајми средства за да се надмине кризата, рече тој, проценувајќи дека за оваа ситуација ќе биде неопходен план вреден „10% од европскиот БДП, или 1,6 трилиони евра“.

-Битката против корона вирусот сè уште не е добиена, истакна Бретон. Гледам нетрпеливост, пет недели затворање е долго и ние поставуваме прашања, но мора да се вратиме на реалните работи, заклучи тој.