Суровата нафта „Брент“ падна за 15 центи на 59,27 долари за барел, додека американската лесна нафта (WTI) падна за 23 центи на 53,13 долари.
Цените на нафтата опаднаа денес, бидејќи последните бројки покажуваат поголем скок на залихите во САД, отколку што се очекуваше. Сепак, падот на цените е ограничен откако Велика Британија и Европската унија објавија дека постигнале договор за Брегзит, пренесува „Ројтерс“.
Резервите на сурова нафта во САД се зголемија за 10,5 милиони барели на 432,5 милиони барели во неделата која заврши на 11 октомври, покажува неделниот извештај на американскиот институт за нафта (API). Аналитичарите очекуваат раст на минатонеделните резерви за околу 2,8 милиони барели. Министерството за енергетика на САД треба да објави официјален извештај за резервите.
Сепак, новиот договор за Брегзит помогна да се спречи поголем пад на цената на нафтата.
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека Велика Британија и ЕУ постигнале договор за „голем“ нов договор за Брегзит и ги повика британските парламентарци да го одобрат тоа во наредниот викенд. Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер исто така рече дека Велика Британија и ЕУ постигнале договор.