Свет 09. јануари 2020. / 12:53

Бразилски суд забрани филм за Исус како хомосексуалец

Бразилски суд забрани филм за Исус како хомосексуалец

Бразилски суд му наложи на Нетфликс да прекине со прикажување на божиќниот филм во кој Исус Христос е прикажан како хомосексуалец.

Судијата Бенедикто Абикаир на тој начин одговори на петицијата на една бразилска католичка организација, во којашто се наведува дека таа е во име на милиони католици, навредени од емитувањето на филмот. Се работи за „Првото искушение на Христос“ во продукција на компанијата „Порта дос Фундос“.

Инаку, канцелариите на продукциската компанија биле и нападнати за време на Божик.

Во образложението, судијата наведе дека таа судска одлука е корисна не само за христијанската заедница, туку и за бразилското општество воопшто.

Нетфликс одби да ја коментира одлуката на судот.