Свет 10. ноември 2018. / 22:10

Бразил: 5 лица загинати и 11 повредени при лизгање на земјиште

Бразил: 5 лица загинати и 11 повредени при лизгање на земјиште

Пет лица загинаа во бразилксиот град Нитерој во близина на Рио де Жанеиро, а 11 други се повредени при лизгање на земјиштето, соопштија властите.

Според информациите до лизгање на земјиштето дошло по дводневните обилни дождови, јавува АП.

Спасувачките екипи во моментов ги пребаруваат рушевините и трагаа по жртви или преживеани.

Се стравува дека бројот на загинати би можел да се зголеми.