Свет 07. февруари 2020. / 17:35

Бранејќи се од израелски напад сириската војска за малку ќе соборела патнички авион со 172 патници

Бранејќи се од израелски напад сириската војска за малку ќе соборела патнички авион со 172 патници

Сириската противвоздушна одбрана за малку ќе го соборела патничкиот авион „Ербас 320“, со 172 патници и членови на екипажот, што потоа морал под итно да слета во руската воена база во Хамамејн, во Сирија, јавија руските медиуми, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.

Сириската противвоздушна одбрана била активирана бидејќи се обидувала да го одбие нападот на израелските авиони во близина на Дамаск, јавија британските медиуми.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана изјави дека четири израелски борбени авиони истрелале осум ракети врз предградие на Дамаск, но дека авионите не влегле во сирискиот воздушен простор.