Свет 17. мај 2018. / 17:56

Брачна двојка пронајде закопано богатство во својот двор – а кога дознаа чиво е веднаш го вратија (ФОТО)

Брачна двојка пронајде закопано богатство во својот двор – а кога дознаа чиво е веднаш го вратија (ФОТО)

Богатството во дворот на Метју и Марија Емануел било пронајдено откако изнајмиле работник кој требало да посади дрво.

-Не сфативме за што станува збор, мислевме дека е некоја жици од електричната енергија- објаснил Матју.

Работниците ја извадиле кутија, а внатре се пронајдени златни прстени, меѓу кои и веренички прстен, банкноти од 100 долари и полу-скапоцен камен.

-Беше неверојатно. Внатре имаше хартија со адреса на нашите соседи. Тропнав на нивната врата и прашав дали некој ги ограбил, а тие одговорија потврдно. Дамата беше во шок- откривајќи и на полицијата дека по грабежот мислела дека никогаш повеќе нема да ги види своите работи.

Грабежот се случил во 2011 година, а соседите на кои им е вратен накитот не сакале да го откријат својот идентитет.