Свет 21. ноември 2019. / 12:14

Босанец го тужи Фолксваген, бара отштета од 750 милиони долари

Босанец го тужи Фолксваген, бара отштета од 750 милиони долари

Босанскиот претприемач Нијаз Хастор, сопственик на компанија за автоделови „Превент“, го тужи германскиот автомобилски гигант Фолксваген под обвинение дека ја нарушил конкуренцијата и бара отштета од 750 милиони долари, пренесува Ројтерс.

Во тужбата се наведува дека германскиот производител ги уценува помалите добавувачи на нефер работни услови и цени на услугите.

Тужбата е поднесена во судот во Детроит, а се однесува конкретно на седум помали добавувачи на автомобилски делови за Фолксваген од сојузната држава Мичиген кои со договор се спречени своето производство да го продаваат на друга компанија.

– Тужбата е неоснована. Ќе се бориме одлучно против тоа служејќи се со сите судски мерки кои ни се на располагање, одговориле од Фолксваген за Ројтерс.

Според достапните медиумски информации, Германците веќе се добро запознаени со Нијаз Хастор со кого соработувааат последните 20 години.

Во последниот судир на неговата групација „Превента“ и „Фолксваген“, од 2016 година, германските фирми ќерки на „Превента“, „КарТрим“ и „ЕС Аутомобилгус“, производители на кожни автонавлаки и кутии за менувач, ја прекинале испораката со што на една седмица беше прекинато производството во најмалку половина од погоните на германскиот гигант.

Прекинот на испораката следеше откако Фолксваген одби да прифати на Хастор да му исплати 58 милиони евра отштета. Веднаш после ова компаниите постигнаа нов договор за продолжување на испорака на делови за уште шест години.