Свет 03. септември 2018. / 13:44

Борис Џонсон: Тереза Меј е катастрофа, заедно со ЕУ го релативизираат Брексит

Борис Џонсон: Тереза Меј е катастрофа, заедно со ЕУ го релативизираат Брексит

Неодамнешниот министер за надворешни работи на Велика Британија во Владата на Тереза Меј, Борис Џонсон, упати силни критики кон премиерката, сметајќи дека нејзиниот план за Брегзит преговорите се катастрофални и дека ЕУ „ќе победи“ во ситуацијата.

Втор пат во една недела, како што пишува „Политико“, Џонсон го користи својот простор за колумна во „Дејли Телеграф“ за критикување на Британија во преговорите.

„Се плашам дека неизбежен исход е победа на ЕУ. Британија потфрлува пред знамето со 12 ѕвезди…“, пишува Џонсон.

Џонсон поднесе оставка од својата позиција како министер за надворешни работи во јули годинава, а британските медиуми констатираа дека тоа го направил поради несогласување со Меј околу Брегзит.