Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон е „клинички стабилен и реагира на лекарскиот третман“, но и дека останува да се лекува во одделот за интензивна нега, изјави денеска портпаролот на премиерот Џонсон.
Додаде дека тој е со „добар дух“ и ќе продолжи да го прима стандардниот третман со кислород. Тој дише без никаква помош, како што е механичка вентилација или ресираторна поддршка, пренесува БиБиСи.
Дополнително, портпаролот на премиерот на Велика Британија информираше дека засега нема промена во времетраењето, во однос на „заклучувањето дома“. Исто така изјави дека ЕУ и Велика Британија се согласиле дека има простор за понатамошни продуктивни дискусии за нивниот иден однос.
Борис Џонсон во неделата беше пренесен во болницата „Свети Томас“ во Лондон за како што тогаш изјавија од Даунинх стрит „за внимателно набљудување“ иако е клинички стабилен.