Британскиот премиер Борис Џонсон ја повика Европската унија во детали да ги изнесе своите забелешки во врска со неговиот план за Брегзит. Џонсон истакна дека тој веќе направил голем компромис за да има нов договор.
– Она што би сакале да го слушнеме од вас е какви се вашите размислувања. Ако имате проблеми со кој било од предлозите, тогаш ајде да ги разгледаме деталите и да разговараме за нив. Прашањето е – Кој е приговорот на ЕУ кон тоа, кој е нивниот предлог…? Ние навистина не сме ги слушнале деталите од нив за тоа кои се проблемите – истакна Џонсон.