Свет 03. септември 2019. / 17:37

Борис Џонсон остана без мнозинство пред историското гласање во Британија

Борис Џонсон остана без мнозинство пред историското гласање во Британија

Конзервативниот британски пратеник Филип Ли пребега во редовите на опозицијата, по што премиерот Борис Џонсон го загуби мнозинството во Парламентот.

Пред утрешното историско гласање, нов потрес во Британија. Со заминувањето на пратеникот Филип Ли во редовите на опозициските Либерални демократи, конзервативците на Џонсон го загубија мнозинството. Кон Ли се приклучија и други „побунети” пратеници од владејачката партија, кои не сакаат Брегзит без договор.

Додека Џонсон се обраќаше во Парламентот, Ли седна во клупа на опозицијата.

Неговото напуштање на владејачката партија може да има далекусежни последици, зашто владејачката партија до сега имаше само еден пратеник повеќе од опозицијата.