Свет 20. јануари 2020. / 09:06

Борис Џонсон: Кралското семејство ќе најде начин да продолжи понатаму

Борис Џонсон: Кралското семејство ќе најде начин да продолжи понатаму

Британскиот премиер Борис Џонсон е убеден дека цела Велика Британија ќе им посака се најдобро на принцот Хари и неговата сопруга Меган, кои веќе нема да ги извршуваат должностите на членови на кралското семејство.

– Мислам дека целата земја ќе сака да се приклучи во тоа да им посака се најдобро во иднина … Како што реков претходно, сигурен сум дека кралското семејство, кое е долго време тука, ќе најде начин да продолжи понатаму – изјави Џонсон за Скај њуз во Берлин, каде присуствуваше на конференцијата за Либија.

Од Бакингамската палата на 18 јануари објавија дека Принцот Хари и неговата сопруга Меган повеќе нема да ги извршуваат должностите на членови на кралското семејство и нема да ги користат титулите на „кралско височество“

Во соопштението се додава дека Хари и Меган повеќе нема да добиваат средства од јавните фондови и ќе ги вратат парите потрошени за реновирање на нивната куќа.