Свет 09. октомври 2019. / 15:02

Борел смета дека ЕУ треба да го научи ,,јазикот на силата”: Потребна е постојана армија од 60.000 војници

Борел смета дека ЕУ треба да го научи ,,јазикот на силата”: Потребна е постојана армија од 60.000 војници

Новиот Висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Џозеф Борел (72) вели дека на ЕУ ѝ е потребна постојана армија од 60.000 војници што Брисел може да ги распореди низ целиот свет, пренесува „Брејтбарт“.

Борел во понеделникот на расправа во Европскиот парламент за неговата кандидатура рече: „Европската унија треба да научи да го користи јазикот на силата”.

Шпанскиот социјалист смета дека европските законодавци треба да ја зајакнат меѓународната улога на ЕУ и да го унапредат нејзиниот воен капацитет. Тој повика Брисел да го зголеми бројот на војниците на најмалку 55.000 до 60.000. Таквата сила би била поголема од постојаните војски на Португалија (35.000) или Холандија (43.000).

Треба да ги споиме нашите национални суверенитети заедно за да ја зајакнеме моќта на одделните земји-членки. И убеден сум дека ако не се дејствуваме заедно, Европа ќе стане ирелевантна во новиот свет што доаѓа – додаде тој.

Во Брисел во моментов има „борбени групи“ од 3.000 војници од целата милиција на земјите членки на ЕУ, пишува „Телеграф“. Групите за борба се во мирување на секои шест месеци, но досега не биле користени. За да ги зголеми тие сили за дваесет пати и да ги направи постојани, на Брисел ќе му треба едногласна поддршка од земјите-членки.

Британскиот европратеник Најџел Фараж го крена алармот околу повиците за постојана армија на ЕУ, велејќи: „ЕУ сега има за цел армија од 60 000 лица, а новиот шеф за надворешна политика Џозеф Борел вели дека ЕУ треба да научи да го користи јазикот на моќта. Кога ќе престанат да лажат британските поборници за останување во ЕУ за намерите на оваа опасна, недемократска држава?“.

Во 2015 година, тогашниот лидер на британските либералдемократи, Ник Клег ја нарече идејата за армијата на ЕУ опасна фантазија и го исмејуваше Фараж затоа што рече дека следниот чекор во градењето на империјата на ЕУ е силата.