Свет 25. јануари 2021. / 18:35

Борел: Имаме потешкотии во дистрибуцијата на вакцини до трети земји

Борел: Имаме потешкотии во дистрибуцијата на вакцини до трети земји

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел вели дека дистрибуцијата на вакцини од ЕУ до трети земји наишла на тешкотии поради проблеми во процесите на вакцинација во некои земји-членки.

Тој нагласи дека за плановите за дистрибуција на вакцини на трети земји разговарале денес шефовите на дипломатиите на ЕУ на состанокот во Брисел.

Убеден сум дека праведна дистрибуција на вакцините е дел од решението, рече Борел.

Тој нагласува дека процесот на дистрибуција на вакцини не се однесува само на глобалната солидарност, туку и на прашањето за здравствената безбедност на самата ЕУ.