Свет 07. мај 2020. / 15:31

Борел: ЕУ треба да извлече поуки од кризата и да создаде здравствена незвисност

Борел: ЕУ треба да извлече поуки од кризата и да создаде здравствена незвисност

Шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел, изјави дека Европа мора да извлече поука од корона-кризата и во иднина да ја обезбеди својата стратешка независност во клучните области како што се производство на лекови, залихите, па дури и преместување на производството.

Не е нормално Европа да не произведува ниту еден грам парацетамол, а Кина да обезбедува 80 проценти од светското производство на антибиотици. Досега мислевме дека не е важно каде се произведуваат производите, дека светскиот пазар снабдува се, во секое време и насекаде. Ова се покажа како погрешно во време на криза – објасни шефот за надворешна политика на ЕУ.

Санитарната криза поврзана со појавата на корона вирусот во Европа ја зголеми побарувачката и предизвика нарушувања на синџирот на снабдување на голем број неопходни производи.

Во моментов, 80 проценти од активните супстанции што се користат за лекови во ЕУ доаѓаат од трети земји, особено Индија и Кина, се вели во извештајот за францускиот Сенат за 2018 година од 2018 година.

Не велам дека секој мора да произведува се самостојно, но синџирот на снабдување мора да биде пократок и зошто да нема производствени центри во близина. Зошто да не произведуваме дел од нашите потреби во Африка, која е се поголем корисник на лекови. Пандемијата ја покажа и потребата за стратешко снабдување со медицинска опрема, како што сега постојат стратешки резерви на нафта – предложи Борел.