Свет 06. март 2020. / 11:09

Борел до Турција: Не сме да се користат мигрантите како средство за преговарање

Борел до Турција: Не сме да се користат мигрантите како средство за преговарање

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, порача дека владите на земјите од ЕУ ќе разгледуваат дали да обезбедат повеќе пари за бегалците, но дека нема да прифатат Турција да ги користи мигрантите како средство за преговарање.

Борел, пристигнувајќи на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Загреб, истакна пред новинарите дека Турција носи голем товар и ЕУ мора тоа да го разбере.

Но, истовремено, ние не можеме да прифатиме мигрантите да се користат како средство за притисок – нагласи Борел.

Турција минатата недела одлучи повеќе да не ги спречува мигрантите коишто сакаат да заминат во земјите на ЕУ.