Свет 01. декември 2019. / 18:12

Борел бара ЕУ да ги прилагоди методите за проширување

Борел бара ЕУ да ги прилагоди методите за проширување

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел денеска изјави дека сите земји од Западен Балкан би требало да имаат европска перспектива, но дека не знае колку време е потребно за тоа.

Борел во интервју за шпанскиот весник „Ел Паис” оцени дека ЕУ треба да ги прилагоди своите методи, за да бидат поефикасни, а помалку реторички и да не дозволуваат губење на време.

Промената на методите не значи и промена на крајната цел, која останува иста – посочи Борел.

Тој додаде дека мора се земе во оглед фактот што досегашните методи се покажа како недоволно ефикасни.

Лично ќе работам заедно со комесарот за проширување, како би дал одговор на тоа. Тогаш земјите-членки ќе мора да донесат одлука за тоа. Но, не е етички да им се каже на земјите од поранешна Југославија дека ја изгубиле перспективата на Европа – истакна Борел.