Филипинскиот претседател Родриго Дутерте од првите редови следеше како се уништуваат луксузни автомобили и мотоцикли, кои илегално биле донесени на Филипини.
Вкупно 68 возила биле уништени и осум мотори вредни 4,26 милиони фунти, а меѓу нив биле уништени и Ламборџини, Порше и Мустанг.
Пред да почне уништувањето, Дутерте признал дека знаел за време на неговиот мандат дека нема да успее да ја искорени корупцијата и криумчарењето во владата, како и дека уништувањето е важен дел од неговиот план.