Свет 26. април 2018. / 14:42

Борат веќе нема да пишува на кирилица: Казакстан ја менува својата азбука

Борат веќе нема да пишува на кирилица: Казакстан ја менува својата азбука

Централната азиска држава Казакстан ја менува својата азбука од кирилско писмо во латинско, пренесува ББС.

Владата ја потпиша новата азбука, базирана на латинско писмо, наместо на кирилица, во октомври. Но се соочи со критики од населението, што претставува реткост во номинално демократската држава, предводена од претседателот Нурсултан Назарбајев, речиси три децении.

Во првата верзија на азбуката, се користеле апострови за да се опишат специфичните гласови од јазинот, но граѓаните сметале дека тоа е “грдо”.

Во втората верзија, се користат акценти над дополнителните букви. Така на пример, Репубика Казакстан, во првата верзија е Qazaqstan Respy’bli’kasy, а во втората Qazaqstan Respýblıkasy.