Најмалку пет лица, вклучително и четворица лекари, загинаа денеска во експлозија на бомба, поставена покрај пат во Кабул.
-Не е познато дали лекарите, вработени во затворот Пула Чарки во Кабул, биле цел на нападот, соопшти авганистанската полиција.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Бомбашките напади во Авганистан стануваат се почести додека продолжуваат преговорите меѓу авганистанската Влада и Талибанците за прекин на огнот по 19 години.