Белата куќа не е наивна кога станува збор за ветувањето на Северна Кореја дека ќе го уништи својот нуклеарен арсенал, но американскиот претседател Доналд Трамп прави сé што може за да ја убеди земјата да се откаже од нуклеарното оружје, изјави советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Џон Болтон.
„Никој во администрацијата на Трамп не е наивен кога се зборува за тоа дека Северна Кореја навистина ќе се откаже од нуклеарното оружје“, изјави Болтон за „Фокс Њуз“, откако Трамп испрати уште едно писмо до севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.