Свет 27. март 2020. / 15:53

Болница во Њујорк со кинеска тактика: Болните од корона вирус ги лечи со големи дози витамин Ц

Болница во Њујорк со кинеска тактика: Болните од корона вирус ги лечи со големи дози витамин Ц

Лекарите во болниците во Њујорк им даваат на своите критично болни пациенти големи дози на витамин Ц според тактиката што помагала во лечењето на најтешко заразените пациенти во Кина.

Доктор Ендру Вебер, пулмолог од Лонг Ајленд, вели дека на пациентите на интензивна нега интравенозно им давал 1.500 милиграми витамин Ц.

– На тие пациенти отпосле три или четири пати повторно им се даваат истите дози од овој моќен природен антиоксидант – објаснува докторот за весникот „Њујорк пост“.

Ова е 16 пати поголема доза од препорачаната дневна доза пропишана од Националниот институт за здравје.

Вебер вели дека овој режим се заснова на експерименталниот третман што се применувал на пациентите со корона вирус во Шангај, Кина.

Пациентите кои примале витамин Ц, постигнале значително подобар резултат од оние кои не го примале витаминот – објаснил Вебер.

Д-р Вебер објаснува дека витаминот Ц е само еден од третманите кој се дава на пациентите заразени од корона вирус.

Клиничкото испитување на ефикасноста на интравенозниот витамин Ц кај пациенти со корона вирус почнало на 14 февруари во болницата Зхонгнан во Кина.

Се очекува да биде завршено во септември, според информациите дадени од Националната медицинска библиотека на САД.