Свет 27. август 2018. / 17:45

Бојкотираа граѓаните: Референдумот во Колумбија пропадна

Бојкотираа граѓаните: Референдумот во Колумбија пропадна

Референдумот во Колумбија за седум антикорупциски мерки пропадна, иако секоја од тие мерки доби поддршка од 99 отсто од гласачите.

Референдумот не успеа бидејќи не излегоа доволен број гласачи, а за резултатот да биде признаен потребно беше да гласаат 12,1 милиони граѓани, а само 11,6 милиони луѓе излегоа на гласање, што е помалку од една третина од вкупниот број гласачи.Во Колумбија право на глас имаат 36,5 милиони луѓе.