Само тројца од 107 патници ја преживеа несреќата при падот на авионот во Куба.
Весникот на Комунистичката партија „Гранма“ објави дека три лица го преживеале падот и се превезени во болница во критична состојба.
Новиот кубански претседател Мигел Дијас-Канел изјави дека има голем број загинати во уривањето на авионот „Боинг 737“ во близина на меѓународниот аеродром во Хавана.
Авионот требал да лета на кратка релација, но се урнал набргу по полетувањето.
„Се случи голема авионска несреќа. Вестите не се многу ветувачки, се чини дека има голем број жртви“- изјави Дијас-Канел.
Освен патниците, во авионот имало и девет странски члена на екипажот.
Радио „Хавана Куба“ објави дека авионот, кој бил изнајмен од државната авиокомпанија „Кубана де авијасион“, се урнал на автопатот во близина на аеродромот.