Свет 07. јануари 2020. / 12:00

Боинг распределува 3.000 вработени на други места

Боинг распределува  3.000 вработени на други места

3.000 работници ќе бидат прераспоредени на други работни места, информираат од Боинг. Причината за ова е што кон средината на јануари производството на авионите 737 MAX престана.

Од Боинг најавија  дека нема да ги достигнат своите цели за 2019 година и ќе престанат со производство на 737 MAX во јануари.

Потсетуваме дека Етиопијан ерлајнс 737 Макс се урна веднаш по полетувањето  на 10 март. Сите 157 луѓе во авионот загинаа.  Тоа беше втора несреќа со новите авиони 737 Макс за помалку од пет месеци, принудувајќи ги државите да го приземат овој модел  на авиони.

Првата несреќа на новиот авион се случи во Индонезија во октомври 2018 година, кога  се урна авион на Лавон Ер.  Сите 189 луѓе во авионот загинаа.

Во декември, извршниот директор на Боинг Денис Муленбург поднесе оставка, објави компанијата, објавувајќи го новиот извршен директор, Дејвид Калхун.

„Силно верувам во иднината на Боинг и 737 MAX. За мене е чест да ја водам оваа голема компанија и 150.000 посветени вработени кои работат напорно за создавање на иднината на авијацијата“, рече Калхун.

Во декември, медиумите објавија дека „Туркиш ерлајнс“ размислува да го тужи „Боинг“ за загуби.

Досега Боинг изгуби повеќе од 9 милијарди долари.

Надлежните се надеваат  дека до крајот на 2020 година производството ќе биде обновено и компанијата ќе произведува 57 авиони месечно.