Свет 21. март 2019. / 20:33

Боинг признава дека авионите имаат софтверска грешка

Боинг признава дека авионите имаат софтверска грешка

Американската компанија Боинг порача дека на приземјените авиони од типот Боинг 737 Макс ќе им биде инсталиран нов софтвер после двете авионски несреќи во Индонезија и Етиопија. Американската федерална воздухопловна администрација соопшти дека Боинг ќе издаде официјално упатство на сите авио-превозници на приземјените авиони од типот Боинг 737 Макс да им инсталираат нов софтвер за контрола на летот.

Од администрацијата соопштија дека надградбата на софтверот на Боинг ќе биде најголем приоритет, како и тренингот и сите отанати мерки. Од Боинг соопштија дека ќе издадат нова софтверска верзија за 737 Макс авионите, со што на некој начин признаа дека актуелниот софтвер е главен виновник за двете авионски несреќи во Индонезија и Етиопија во последните пет месеци.